ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Бејл: Кејн е фантастичен, среќни сме што го имаме

Дали конечно Бејл е назад во форма? Синоќа двапати го тресна Кристал Палас откако пред три кола истото му го маправи и на Барнли. Но, има среќа што до него играа Кејн и Сон.

Гарет Бејл сега има постигнато 6 голови на последните 6 натпревари. Се чини си ја врати формата откако сезонава постигна само 4 голови на првите 16 натпревари откако се врати во Тотенхем.

Синоќа неговиот тим го пречека Кристал Палас во локално лондонско дерби помеѓу клубовите год јужниот и северниот дел на англиската метропола.

Во 25-тата и 49-тата минута Бејл постигна голови и тоа по две асистенции од Хари Кејн. Одигра до 70-тата минута коа беше заменет од Ерик Ламела.

„Ова е она за кое дојдов тука, видејќи офанзивните играчи кои ги имаме се неверојатни. Не само оние кои играа, туку и тие на клупата“, вели велшката ѕвезда во изјава за Sky Sports.

„Сите се поттикнуваме еден со друг, убаво е што ги освоивме трите бода. Има голема борба за место на терен, па мора да држите форма и да работите напорно“.

Бејл врза 7 натпревари по ред на кои е на терен, без разлика од првата минута или од клупата. На последните три, вклучувајќи го и вчерашниот, беше во почетните 11.

„Се наоѓаме во добар моментум, ја вративме самодовербата, па се надевам ќе продолжиме така. Се чувствувам добро, понекогаш едноставно потребно е време, но доволно сум искусен за да бидам трпелив“, додава.

Бејл не штедеше зборови за да го пофали соиграчот Хари Кејн кој му асистираше за двата гола пред и сам да погоди двапати за конечни 4:1.

„Тој е фантастичен, неверојатен напаѓач. Сега повторно го покажа тоа, а воедно е и конзистентен. Беше фантастична претстава од негова страна и навистина сме среќни што го имаме во тимот“, заврши Велшанецот. Претходно кога даде два гола, против Барнли, двоен асистент му беше Сон Хјон-мин.

Remote video URL

Тотенхем по 28 кола во Премиер лигата е шести со 45 бодови.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Фудбал

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Read more

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Read more
 

Спорт

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе