Бејл се враќа во репрезентацијата на Велс

Откако поранешниот играч на Реал Мадрид и репрезентативец на Велс, Гарет Бејл, одлучи да се пензионира, велшкиот селектор Роберт Пејџ објави дека Бејл ќе добие улога во националниот тим.

Сѐ уште не е дефинитивно прецизирано кои ќе бидат неговите обврски, но се очекува тој да му помага на тренерот во водењето на репрезентацијата.

„Кога имате некој со големина на Гарет Бејл, со сето она што го направи за Велс и влијанието што може да го има дури и ако е само околу играчите во соблекувалната, тоа е нешто што треба да го искористам“, рече Пејџ, пренесув „Скајспорт, и додаде дека Бејл е заинтересиран за новата улога во репрезентацијата на Велс.

„За која улога? Ќе разговараме за неколку недели. Тоа што тој го направи е феноменално, не само од фудбалска гледна точка, туку и за земјата бидејќи го врати Велс на светската фудбалска карта“.

Бејл за репрезентацијата одигра 111 натпревари и постигна 41 гол, а последниот натпревар го имаше на Светското првенство во Катар против селекцијата на САД. Тој е убедливо нјадобар стрелец во историјата на Велс, додека иако во моментов е лидер и по број на настапи, има само два односно три повеќе од дефанзивецот Крис Гантер (109) и голманот Вејн Хенеси (108) кои годинава сигурно ќе го престигнат на оваа вечна листа.

Гарет Бејл остави огромна трага во велшкиот фудбал бидејќи ја предводеше репрезентцаијата до историски пласмани на ЕУРО 2016 и ЕУРО 2020, како и на Мундијалот 2022. Претходно Велс никогаш немаше играно на Европско првенство, додека на Мундијал се имаше појавено само еднаш и тоа во далечната 1958 во Шведска. На ЕУРО 2016 Бејл го предводеше Велс дури до полуфиналето, што е најголем успех во историјата на велшкиот фудбал, кој тешко дека некогаш ќе биде достигнат.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Фудбал

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Read more

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Read more

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more
 

Спорт

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе