Безос ужива со девојката на Вимблдон, работниците на Amazon во штрајк

Повеќе од 2.000 работници во седум дистрибутивни центри на Amazon ширум Германија од вчера се во штрајк, барајќи поголеми плати, соопшти синдикатот Верди, со најава дека штрајкот ќе трае најмалку два дена.

Штрајкот под мотото „Нема веќе попусти на сметка на нашата плата“ почна вчера и се поклопи со „Ударниот ден“ на Amazon (Prime Day) кога американската компанија за онлајн продажба им нуди на претплатниците на Prime пакетот дополнителни попусти.

„Додека Amazon популаризира ‘лов на намаливања’ на својот ‘ударен ден’, нудејќи големи попусти, вработените се лишени од заработувачката од која живеат“, изјави Орхан Акман од Верди.

Од Amazon не го наведоа точниот број на вработени кои се во штрајк, но наведоа дека ова нема да влијае на испораката до купувачите.

„Компанијата мора конечно да направи колективни договори за платите во секторите за малопродажба и нарачки преку мејл“, рече Акман.

Amazon управува со 12 магацини во Германија, а вчера соопшти дека планира годинава да отвори уште еден, што ќе донесе повеќе од 2.800 работни места, но со договори на дело.

Додека работниците во Германија штрајкуваат, сопственикот на Amazon Џеф Безос ужива на Вимблдон во Лондон, каде се појави со девојката Лорен Санчез за прв пат откако официјално се разведе.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе