Две години откако беше лансиран овој француски суперавтомобил, не стивнува возбудата околу него, а ова видео е доказ за тоа.
Alpine A110 спаѓа во категориите автомобили што се купуваат поради една единствена работа: уживање во динамично возење.
Сѐ останато е во втор план, па така, кога се зборува за овој автомобил, не се трошат зборови на опрема, систем за забава, а во никој случај не за можностите за персонализација на возилото, што станува сѐ попопуларна карактеристика.
Неговата специфичност се крие онаму каде што ѝ е местото: во возењето на кривини и оставање прашина зад себе.
Секако, Alpine A110 не е евтин автомобил. Можеби нема да имате можност да возите болид на Формула 1 во животот, но ако имате нешто повеќе од 55.000 евра (колку што би платиле, на пример, за Porsche 718), ќе може да го доживеете чувството на тоа фантастично возење во овој „болид за обични смртници“.
Дали навистина вреди за парите, погледнете во ова видео снимено со POV техника. Да напоменеме само дека има моќност од 252 коњски сили и вртежен момент од 320 Nm за вистинско адреналинско уживање.