Брахим Диас ја одби Шпанија, ќе игра за Мароко

Брахим Диас, 24-годишниот играч на Реал Мадрид кој постојано се подобрува, одлучил да игра за мароканската репрезентација, а не за Шпанија, објавија денеска бројни шпански медиуми.

„Неговата одлука е цврста, внимателно обмислена и неповратна“, велат шпанските медиуми за одлуката на офанзивниот играч за врска на Реал. Оваа сезона Брахим Дијаз постигна 4 гола за Реал во Примера, 2 во Лигата на шампионите, покрај оној за 1:0 победата кај Лајпциг во првиот осминафинален натпревар, а додаде и по еден гол во Копа дел Реј и шпанскиот Суперкуп.

Брахим Диас веќе има настапувано за шпанските репрезентации до 17, 19 и 21 година, а одигра и 1 натпревар во сениорската репрезентација, на пријателскиот натпревар против Литванија во јуни 2021 година. Неговата мајка е Шпанка, но неговиот татко е со Мароканец роден во Африка и тоа во шпанската енклава Мелиља.

Интересно е тоа што Брахим деновиве бил во многу во необична ситуација: Реал добил два повика за него за мартовската репрезентативна пауза, една од Мароко и една од Шпанија.

Но, ако Мароко со години безмилосно му се додворува на Брахим, Шпанија секогаш го третираше како можен репрезентативец за поширокиот список. Брахим, откако играше во сите младински репрезентации на Шпанија, побара гаранции кои Луис де ла Фуенте никогаш не му ги даде, додека Валид Реграги секогаш го посочуваше Брахим како иден столб на неговата репрезентација.

Од 2016 до 2019 година Брахим Диас како млад играч настапуваше за Манчестер Сити, каде што не се наигра, настапувајќи само на 5 натпревари во Премиер лигата. Од 2019 година е член на Реал Мадрид, со тоа што до минатата сезона беше на позајмица во Милан.

Ако сѐ оди по планот, Брахим за Мароко може да дебитира кон крајот на месецов на пријателските со Ангола и Мавританија.

На последното Светско првенство во Катар 2022, Мароко беше најпријатното изненадување и играше во натпреварот за третото место во кој Хрватска беше подобра.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе