КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Бразил ѝ заби петарда на Боливија, Нејмар го престигна Пеле

Фудбалерите на Бразил синоќа со петарда против Боливија (5:1) успешно ги започнаа квалификациите за Мундијалот 2026.

Натпреварот против Боливија ќе остане врежан со златни букви во историјата на „Селесау“, откако Нејмар стана најдобар стрелец на оваа селекција на сите времиња.

Новопечениот играч на Ал Хилал заигра по повеќе од еден месец и со 2 гола влезе во аналите на бразилскиот фудбал.

Во 17. минута голманот на гостите, Гиљермо Вискара, го одбрани неговиот удар од 11 метри, но сепак до крајот успеа да да ја затресе боливиската мрежа.

Голот во средината на вториот дел беше негов 78-ми во низа за националниот тим, со што го престигна легендарниот Пеле на вечната листа, а подоцна додаде уште еден во судиското надополнување.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 433 (@433)

Покрај него два гола постигна и Родригу, а еден постигна и Рафиња. Многу убав утешен гол за гостите, и тоа на каков начин, постигна Виктор Абрего.

Remote video URL

Бразил за три дена ќе му гостува на Перу во 2. коло од јужноамериканските квалификации, натпревар закажан за среда рано утрината во 4:00 часот по македонско време.

Во вториот натпревар од програмата ноќеска, Уругвај му одржа лекција на Чиле совладувајќи го со 3:1. Николас де ла Крус постигна два гола (38. и 71. минута), а Феде Валверде еден гол (45.+2) за домашниот тим, додека Артуро Видал во 74. минута постигна утешителен гол за гостите.

Remote video URL

Уругвај во вторник од 23 часот гостува кај Еквадор.

Ден претходно се одиграа првите три натпревари од вовбедното коло во кое победи славеа Аргентина и Колумбија.

URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе