КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Меси со мајсторија од слободен ги отвори квалификациите и израмни неколку рекорди

Јужноамериканските квалификации за Мундијалот 2026 беа отворени ноќеска со натпреварите од 1. коло, а главниот натпревар беше меѓу светскиот шампион Аргентина и Еквадор, кој го реши Лионел Меси.

Иако со својата Аргентина го освои последното Светско првенство во Катар и си го исполни долгогодишниот сон, Меси не сака да застане тука. Напротив, започна нов циклус мундијалски квалификации и тоа го направи на вистински начин.

Аргентина се мачеше против Еквадор, но забележа тесна победа од 1:0 на преполниот „Монументал“ со 86 илјади гледачи.

Се играше 78. минута кога Меси изведе фантастичен слободен удар и погоди за водство, со што донесе победа за актуелниот светски шампион.

Remote video URL

Ова беше гол број 104 за Меси, а 11-ти од слободен удар во неговиот настап број 176 за Аргентина. Со овој гол Меси постави и неколку рекорди. Прво, се израмни со Луис Суарес на водечкото место на листата на најдобри стрелци во историјата на јужноамериканските мундијалски квалификации - двајцата имаат постигнато по 29 голови.

Потоа, се израмни со Роман Рикелме на првото место меѓу најдобрите изведувачи на слободни удари во историјата на јужноамериканските мундијалски квалификации. Се израмни и со Хамес Родригес како единствен со 4 постигнати голови за победи од 1:0 во мундијалските квалификации. И за крај, со неговиот гол Аргентина ја оствари својата најдобра серија во историјата со 22 натпревара без пораз во квалификациите за Светско првенство.

Во останатите натпревари од јужноамериканските квалификации играни ноќеска, Парагвај и Перу ремизираа без голови иако Перуанците од 45. минута беа со играч помалку по вториот жолт картон на Луис Адвинкула, додека Колумбија ја совлада Венецуела во минимални 1:0 благодарение на голот на Рафаел Боре во 46. минута.

Remote video URL

Вечерва по полноќ играат Уругвај - Чиле (1:00 ч.) и Бразил - Боливија (2:45 ч.)

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе