Шкотскиот физичар Роберт Вотсон успешно извел експеримент со кој докажал дека неговиот изум на база на радио бранови може да детектира авиони кои се во воздухот.
25 февруари 1944, Бугарите го ликвидирале Кузман Јосифоски - Питу
Еден од главните организатори на антифашистичкото движење (1938-1941) и на НОБ во Македонија (1941-1944) бил убиен на денешен ден во Скопје од страна на бугарски фашистички војник.
24 февруари 1525, Франција ја загубила војната со Светото Римско Царство
Во битката кај Павија во Италија, армијата на Светото Римско Царство извојувала голема победа над Франција во чии редови имало 13 илјади загинати и повредени.
23 февруари 303, Диоклецијан го почнал прогонот на христијаните
Најголемиот прогон на христијаните во Римското Царство го направил императорот Диоклецијан кој на денешен ден објавил проглас со кој наредил да се сруши до темел црквата во Никомедија.
Еден од најголемите шокови во светот на спортот се случил на денешен ден на зимската Олимпијада во 1980 година кога аматерскиот тим на САД го победил главниот фаворит за златото во хокеј, моќната репрезентација на СССР.
Со смртта на Фјодор I во 1598 година, кој е последниот владетел од викингшко потекло на династијата Рурик, а немал деца, завршила и лозата на династијата која 700 години владеела со Русија.
20 февруари 2000, пред 21 година почина актерот Игор Маџиров
Пред 21 година почина култниот македонски катер Игор Маџиров, за многумина еден од најдобрите актери во државава, можеби најпознат по улогите во серијата „Во светот на бајките“.
17 февруари 1923, отворена гробницата на Тутанкамон
Околу 2 часот попладне бил скршен печатот од влезот во гробницата на египетскиот фараон Тутанкамон, и прв пат по 3 илјади години гробницата била отворена.