20 април 1945, Советите го нападнале Берлин
Точно на 56. роденден на Адолф Хитлер започнала офанзивата за освојување на Берлин од страна на Црвената армија.
Советската артилерија од Белорускиот прв фронт удрила на Берлин утрото на хитлеровиот роденден напаѓајќи ги источните и североисточните населби. Украинскиот прв фронт ја разбил германската одбрана на северот кај Јутерборг, додека на истата страна меѓу Штетин и Швед нападнал Белорускиот втор фронт уништувајќи ја Третата панцер армија на Хасо фон Мантојфел.
Берлин официјално паднал ноќта помеѓу 2 и 3 мај кога Американците од една и Советите од друга страна целосно го разурнале градот уништувајќи го секој отпор на нацистите. Хитлер се самоубил на 30 април кога на радио слушнал дека Советите дошле на чекор од Рајхот.