Бројот на жртвите во Истанбул се зголеми на 41

Според последните официјални информации, 41 лице е убиено а 239 се ранети во самоубиствени бомбашки напад врз главниот меѓународен истанбулски аеродром „Мустафа Кемал Ататурк“, најголемиот во регионот и важен меѓународен сообраќаен јазол, пренесуваат турските медиуми.

Тројца мажи го нападнаа терминалот за пристигнувања во вторникот околу 21:30 часот. Тројцата напаѓачи прво отвориле неселективен оган, а потоа се разнеле со експлозивните направи кои ги носеле на себе.

Меѓу загинатите има и тринаесет странски државјани, петмина од Саудиска Арабија, двајца од Ирак и по еден државјанин на Тунис, Узбекистан, Кина, Иран, Украина и Јордан.

Македонското министерството за надворешни работи соопшти дека досега нема информации за повредени македонски државјани во терористичкиот напад што се случи во вторник вечерта.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дена овој напад треба да претставува пресвртница во глобалната борба против тероризмот за кој рече дека „нема обѕири ниту за верата, ниту за вредностите“.

Двајца американските функционери оценуваат дека нападот во Истанбул е потипичен за екстремната сунитска организација Исламска држава отколку за курдските герилци кои ги напаѓаат турските безбедносни сили и симболите на турската држава.

Забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) во меѓувреме соопшти дека не стои зад нападот бидејќи нејзината борба не подразбира „напади врз цивили и оние Турци кои војуваат против курдскиот народ“. Турција, инаку, е членка на меѓународната коалиција предводена во САД во борбата против Исламската држава во Ирак и Сирија, што е мотив џихадистите да напаѓаат цели на турска територија.

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека е многу интригантно што нападот се случи во моментот кога Турција бележи успеси во борбата против терористичките групи и ги поправува влошените односи со своите поранешни стратешки партнери.

Турција во вторникот објави обновување на дипломатските односи со Израел, шест години по нивното замрзнување, а во средата по ноември минатата година и соборувањето на рускиот борбен авион, првпат телефонски разговараа рускиот и турскиот претседател определувајќи се за нормализација на билатералните односи.

Еден од американските функционери кои зборувале за Reuters вели дека дошло до „видливо зголемување“ на шифрираната комуникација и пропагандата на Исламската држава на „дарк вебот“ кој служи за објавување илегални активности. Некои американски функционери тоа го толкуваат како обид следбениците да бидат наведувани а извршување што повеќе терористички напади. 

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Регион

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more
 

Вести

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе