Бугарскиот премиер по шест месеци поднесе оставка

Бугарскиот премиер Николај Денков поднесе оставка според планираното по девет месеци на чело на прозападната влада, отворајќи ја вратата за неговиот коалициски партнер да ја води земјата.

Неговото писмо за оставка беше поднесено до парламентот во вторникот, соопшти владата во Софија. Не беше јасно кога парламентот ќе гласа за оставката на Денков и владата што тој ја предводеше.

„Владата ќе продолжи да работи... додека не се избере нова влада“, рече Денков во говорот во вторникот вечерта.

Овој потег го отвора патот за поранешната еврокомесарка и поранешна вицепремиерка Марија Габриел, од централно-десничарската партија ГЕРБ, на чело на владата. Денков, од центристичката партија Продолжуваме да се менуваме (ПП), сега треба да стане нејзин заменик.

Договор за ротирачки премиер

По парламентарните избори минатата година, двата политички табора кои излегоа на врвот направија договор за поделба на власта, според кој должноста на премиерот се ротира.

Со усниот договор беа избегнати шести парламентарни избори во рок од две години. Бугарија доби влада која доследно спроведуваше проевропска и НАТО политика.

Но, договорот може да биде на несигурна основа, бидејќи и двата табора со недели се расправаат за позицијата министер за надворешни работи и за поделбата на другите министерства.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Регион

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе