Цените на златото достигнаа рекордни нивоа

Цените на златото вчера достигнаа нови рекордни височини поради зголемените геополитички тензии и купувањата од страна на централните банки.

На физичкиот пазар во Лондон цената на унца злато вчераутро беше за 1,1 отсто повисока отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 2.364,10 долари, што е нејзино највисоко ниво откако почна да се тргува со злато.

На американскиот пазар на фјучерси, унцата вчера се тргуваше по нова рекордна цена од 2.383,15 долари, за 1,4 отсто повисока од завчерашното затворање на тргувањето.

Геополитичките тензии во фокусот

Геополитичките тензии повторно се во центарот на вниманието по израелскиот напад врз иранскиот конзулат во сириската престолнина во кој загинаа неколку високи ирански воени претставници. Иран најави одговор.

Пазарите ги следат и преговорите за прекин на огнот во окупираниот палестински Појас Газа. Палестински Хамас го отфрли последниот израелски предлог, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека одредиле датум за копнен напад врз палестинскиот град Рафах, каде што се засолниле еден милион палестински бегалци.

Цените на златото го одразуваат и континуираното силно купување од страна на централните банки во февруари, според податоците на Светскиот совет за злато.

Златните резерви во централните банки повторно се зголемија во февруари, иако послаби отколку на почетокот на годината.

Централните банки во февруари купиле 19 тони злато, речиси 60 отсто помалку отколку во јануари. Побавната стапка на пораст на резервите, сепак, не го наруши трендот на зголемени набавки од страна на централните банки, посочуваат од Советот.

Најголем купувач на злато во февруари беше кинеската централна банка

Според достапните податоци за февруари, златните резерви на централните банки се зголемија деветти месец по ред. Обемот на нето-откупите беше, сепак, приближно половина од она што беше во јануари, бидејќи централните банки го намалија бруто-откупот и ја зголемија продажбата.

Во првите два месеци од годинава нивните резерви се намалени за 43 отсто во однос на истиот период лани, но тие се дури четири пати повисоки од првите два месеци од 2022 година. Во февруари најголем купувач беше кинеската централна банка, по што следат централните монетарни институции на Индија и Казахстан.

Турција е на четврто место, а чешката централна банка се издвојува меѓу десетте најголеми купувачи, според податоците на Советот.

Како и во претходните месеци, како што посочуваат од Светскиот совет за злато, активноста најмногу била ограничена на оние кои во последните години биле редовни купувачи или продавачи. Само централните банки на Узбекистан и Јордан продале значително количество злато во февруари.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе