Иако традиционално кнедлите се прават со сливи, сè почесто можете да најдете рецепти кои го замениле ова овошје со други филови, како млеко или бело чоколадо.
Љубителите на чоколадото особено ќе уживаат во овие меки и вкусни кнедли, а доброто е што можете веднаш да ги послужите и изедете.
Потребни состојки:
- 500 гр пире од компири
- 180 гра брашно
- сол
- 1 јајце
- чоколадо
- 50 гр путер
- презла
- шеќер
- цимет
Подготовка:
Во изладеното пире прво додадете изматено јајце и малку сол. Потоа додадете го брашното и замесете ја смесата во тесто. Извадете го тестото со лажица и распоредете го на дланка за да биде поголемо од коцка чоколадо. Обликувајте ги кнедлите со влажни раце за полесно да се затворат.
Кога ќе ги обликувате сите кнедли, истурете вода во големо тенџере и додадете една лажичка сол. Кога водата ќе зоврие ставете ги кнедлите. Потребно е да се варат додека не испливаат на површината.
За тоа време во тава со малку путер и на тивок оган пропржете ги презлата и шеќерот. Додадете и половина лажичка цимет за дополнителен вкус. Кога кнедлите ќе бидат готови, валкајте ги во мешавината од презла и шеќер. После тоа, подготвени се за послужување.