Дали е ова најлошата одлука во историјата на фудбалот?

Една од одлуките на ВАР технологијата од натпревар во Премиер лигата уште еднаш го привлече вниманието на јавноста.

 

По прегледувањето на видеото од натпреварот помеѓу Кристал Палас и Лидс, беше решено да се поништи голот на Патрик Бамфорд, иако е очигледно дека само неговата рака била во недозволена положба, а не и рамото.

„Ова е најлошото нешто што сум го видел. Најлошото во историјата на фудбалот", изјави Роби Севиџ, поранешен велшки играч за врска.

„Апсурд“, рече Гери Линекер на социјалните мрежи.

URL

„Ова е уште една смешна ВАР одлука, со која се поништува голот на Бамфорд. Ми се гади од начинот на кој се спроведува.“

„Беше апсолутно одвратна одлука да му се поништи голот на Бамфорд. Само затоа што има долги раце и покажува каде сака да му биде додадена топката“, рече Џермејн Џенас.

URL

Главниот јунак на целата приказна вели дека сето ова нема смисла.

„Не го разбирам ова правило. Не можеш да постигнеш гол со рака. Нема смисла. Ми се случи и мене, но и го имам видено многупати. Го уништува фудбалот. Сакаш да гледаш голови. Неверојатно е што се случува ова. Дури и судијата не можеше да сфати. Кога играчите и судиите не можат да сфатат, дали има смисла?“, праша Бамфорд.

Правилата велат дека одлуката на ВАР е точна. Според нив, неговата рака е во офсајд, без оглед на нејзиното движење. Правилото вели дека рамото е дел од телото со кој може да се постигне гол, па затоа подложи на правилата за офсајд.

Инаку, Кристал Палас на крајот славеше со 4: 1 против Лидс Јунајтед.

Што мислите вие? Дали се согласувате со одлуката на ВАР? Дали технологијата го уништува фудбалот?

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе