Дали вашата врска има иднина?

Без разлика колку време се забавуваме со партнерот, прашањето „Каде води ова“ си го поставуваме постојано.

Сите имаме различни нивоа на „сериозно“ кога станува збор за врските. За некого тоа е објавување на заедничка фотографија на социјалните мрежи, запознавање со семејството, за други покана да живеете заедно...

Не е невообичаено едниот да развие посилни и посериозни чувства пред другиот, и да посака нештата да се одвиваат побрзо и поинтензивно.

Колку и да се трудиме да бидеме логични, прашањето „До каде сме?“ може да почне да ни ја поткопува самодовербата и да ни ја разнишува врската иако нема вистинска причина за нестабилност.

Но стравот е вистински и затоа треба да отстапите од таквата умствена состојба и да ја согледате целата слика. Секако, да го „пресметате“ и партнерот во целото тоа.

Различно темпо и интензитет

Вообичаено е партнерите да се наоѓаат во различни фази од врската.

Вашата возраст, искуства и цели во животот во голема мера влијаат во начинот на кој ја гледате и сфаќате врската во која сте во моментов.

Има толку многу индивидуални разлики во начинот на кој ги доживуваме врските, а на тоа влијае и однесувањето на партнерот и нашето толкување на компатибилноста гледано долгорочно.

Читање знаци

Покрај тоа што секој различно гледа на тоа што е „достигнато ново ниво“ во врската, има некои универзални занаци што укажуват дека врската оди напред.

Конкретните настани, како запознавање со пријателите и семејството, разговарање за иднината, откривање на личните стравови, правење долгорочни планови што ве вклучуваат двајцата... се примери за тоа, но не мора задолжително да ги има.

Исто така, треба да се има предвид дека не секој ги сака или посакува тие работи. За некого, запознавањето на семејството не е толку значаен настан и не би го доживеале така, ниту пак би го очекувале како знак за сериозноста на врската.

Транспарентност

Пред да почнете да размислувате и да разговарате за иднината со актуелниот партнер, бидете сигурни дека имате расчистено со вашето лично минато.

Дали ви се брза да ја знаете иднината на оваа врска поради историјата на претходната?

Притисокот од минатите врски може да придонесе за избувливи, избрзани и драматични барања.

Ако мислите дека „ве гази времето“ за да имате деца откако сте излегле од долга врска, бидете транспарентни со себе и со партнерот дали сакате партнер или „донатор“ на материјал за правење бебиња.

Разговарајте

Колку и да си разговарате самите со себе во вашата глава, ништо нема смисла ако не разговарате со оној кој е најзасегнат – личноста со која сте во врска.

Ако прашањето „Каде води нашата врска“ ви ги окупира мислите и ви е потребен конкретен одговор бидејќи нема знаци или не знаете правилно да ги толкувате, отворено и искрено прашајте и разговарајте.

Не очекувајте дека одговорот ќе биде краток и јасен – можеби партнерот исто така размислувал на таа тема и самиот има неодговорени прашања.

Има ризик во фактот дека можеби ќе слушнете одговор што нема да ви одговара, но барем ќе знаете каде сте и што да очекувате.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Љубов и секс

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more

Венера влезе во Бик – љубовен ураган до 23 мај

Read more

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе