Само два месеца откако беше осуден на 4 и пол години затвор, Дани Алвес е на слобода.
На поранешниот бразилски репрезентативец му беа одземени бразилскиот и шпанскиот пасош, а на секои 7 дена мора да се јавува на суд. Од затвор излезе по 14 месеци поминати таму.
Алвес, еден од најодликуваните фудбалери во историјата, беше затворен за силување девојка во ноќен клуб во Барселона во декември 2022 година. Беше ослободен откако Мемфис Депај, напаѓачот на Атлетик и холандската репрезентација, плати кауција од 1 милион евра за него.
Marca, повикувајќи се на други шпански медиуми, пишува дека во вторникот, многу брзо по излегувањето од затвор, Алвес организирал забава за роденденот на неговиот татко Домингус Алвес да Силва. Гостите пристигнувале само во доцните часови, а забавата траела до раните утрински часови.