Ново истражување откри

Децата кои читаат печатени книги се поуспешни од оние кои читаат е-книги

Кајгана / МИА
/ 05.10.2022 / 15:54

Читањето електронски книги не е толку ефикасно како класичните печатени книги што, на пример, ги позајмуваме од библиотеките, посочува ново истражување на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД, кое опфатило 600.000 деца на светско ниво.

Научниците особено обрнале внимание на успехот на децата кои читаат. Според наводите, децата кои претпочитаат книги во облик на „хартија и мастило“ постигнале дури за 49 поени повисоки резултати на тестовите во споредба со оние кои читаат ретко или речиси никогаш. Што се однесува до децата кои претежно читаат дигитални книги, нивните резултати покажаа дека заостануваат „цела година“ во однос на коефициентот на интелигенција зад првите испитаници, што е навистина голема разлика.

Некои познавачи веруваат дека светлината и треперењето на екранот го оптоваруваат мозокот повеќе од хартијата, а други пак, за ваквите резултати го посочуваат просторот за напишан став, сликите и графиконите на печатената хартија – нешто што, како што тврдат, може да му помогне на ученикот полесно да помни и да се потсети на одредени податоци.

Повеќеслојните задачи, т.е. „мултитаскингот“ се очигледен проблем во денешниот свет. Сепак, при истражувањето, на децата не им било дозволено да пребаруваат на интернет или да користат други апликации кои би можеле да им го одвлечат вниманието. Токму тоа најмногу ги збунува научниците бидејќи, ако одвраќањето не е, тогаш – што е проблемот?

Претходно се сметаше дека луѓето читаат пребрзо кога читаат од екран. Последното истражување, се чини, го доведе и тоа во прашање.

Проф. Вирџинија Клинтон смета дека проблемот можеби е „самоизмамата“ на читателот во врска со екранот. Кога ги прашале колку мислат дека се успешни, децата љубители на екранот постојано го преценувале нивното разбирање на текстот што го читаат, додека љубителите на печатените книги биле многу попрецизни во нивните проценки.

– Иако на почетокот звучи безначајно, всушност ова откритие е многу важен фактор во заклучоците до кои дојдовме. Преголемата самодоверба на оние кои читаат книги во дигитален облик е важна оти луѓето кои ги преценуваат своите способности веројатно ќе вложат помалку труд во читањето. Колку помалку труд човекот вложува во читањето на некоја содржина, толку е помала веројатноста да ја разбере. Тоа е така, затоа што читањето со разбирање, како и секое учење, не е воопшто лесно и бара работа, објаснува Клинтон.

Децата кои читаат хартиени книги, исто така, пројавиле поголемо уживање во читањето од оние кои читаат е-книги. Ова се покажа точно дури и по корекциите околу демографски разлики, како што е економската позадина.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Книги

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе