Дерматолог открива каде најмногу грешиме со негата на кожата во пролет

Пролетта пристигна, а со неа доаѓа и изложувањето на прекрасните сончеви зраци. Сепак, прекумерната изложеност на сончева светлина може да предизвика оштетување на кожата.

Имајќи го тоа на ум, д-р Рос Пери од синџирот клиники за кожа ги откри грешките што ги правиме, а кои може да се покажат многу опасни.

„Сонцето во април е подеднакво силно како и во август, па затоа мора да го третирате како такво. Луѓето често може да бидат измамени од постудениот ветер, но УВ зраците се исто толку силни и исто толку веројатно ќе предизвикаат изгореници и оштетувања“, вели д-р Пери.

Сончевите зраци често се директна причина за рак на кожата. Колку сте побезбедни на сонце, толку е помал ризикот од оваа смртоносна болест. Д-р Пери ги истакна најчестите грешки што луѓето ги прават во пролетните месеци:

Не ставате крем за заштита од сонце

Често се поставува прашањето дали луѓето треба да ставаат крем за заштита на кожата во текот на целата година, а едноставниот одговор е да! Крем или емулзија со заштитен фактор (SPF) треба да се користи во текот на пролетните месеци, па дури и во текот на целата година. Многу луѓе не веруваат дека може да изгорите од сонце во раните пролетни месеци, но тоа едноставно не е така.

Дури и ако немате изгореници во пролетните месеци, сончевите зраци постојано придонесуваат за стареење на вашата кожа, што можеби нема да го забележите веднаш. Но, со текот на годините, ако не нанесувате крем за сончање ја забрзувате појавата на брчки, опуштање на кожата и старечки дамки.

Нанесете крем за сончање 15 минути пред да излезете на сонце со висок интензитет.

Лоша нега на изгорената кожа

Ако забележите дека кожата ви изгорела, веднаш преземете некои чекори. Најважно е да се тргнете од сонце веднаш откако ќе сфатите дека сте изгореле. И тогаш најдобро е да нанесете хидратантни лосиони од алое вера или други смирувачки лосиони наменети за по сончање и да го повторувате тоа на секои 2 часа. Исто така, важно е изгорениците да се третираат со ладни облоги во првите неколку часа по горењето.

Изгореници што се прават еднаш на две години може тројно да го зголемат ризикот од меланом, велат од Cancer Research UK.

Не пиете доволно вода

Топлиот бран во март или април може да биде шок за системот и кожата. Луѓето може да ја потценат количината на вода што треба да ја пијат бидејќи надвор не е како топол летен ден. Многу луѓе одеднаш ќе излезат да вежбаат по неколку месеци престој во затворен простор, не мислејќи дека можеби ќе им треба заштита од сонце или повеќе вода при рака.

Пиењето многу вода на високи температури е клучно за избегнување топлотен удар, кој може да биде опасен по живот, особено за постарите, децата и луѓето со здравствени проблеми.

Не ги сфаќате сериозно бенките

Ракот на кожата може рано да се открие благодарение на промените на бенките или појавата на нови. Колку побрзо дејствувате, толку побрзо ќе можете да се лекувате. Има некои клучни фактори на кои треба да внимавате кога станува збор за бенките.

Ако имате бенка која крвари, речиси сигурно не е нормално, освен ако не сте ја изгребале. Повеќето бенки не крварат спонтано, па затоа е важно да го проверите ова со посета на лекар.

Прекумерно изложување на сонце за витамин Д

Некои луѓе не ставаат крем за сончање мислејќи дека така ќе добијат повеќе витамин Д кој се развива во телото поттикнат од сончевата светлина. Лекарите, од друга страна, ја нагласуваат важноста да се јаде доволно храна за здрави коски, заби и мускули.

NHS вели: „Околу крајот на март/почетокот на април до крајот на септември, повеќето луѓе треба да можат да го произведат целиот витамин Д што им е потребен од сончевата светлина на кожата. Некои луѓе нема да произведат доволно витамин Д од сончевата светлина бидејќи многу малку или воопшто не се изложени на сонце“.

Д-р Пери вели: „Редовното изложување на рацете и нозете за време на редовно вежбање два до три пати неделно ќе биде повеќе од доволно за да се акумулира доволно витамин Д“. Сепак, и во тие случаи не го заборавајте кремот со заштитен фактор.

Тагови
реклама

Здравје

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Read more

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more
 

Магазин

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Читај повеќе

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Читај повеќе

8 совети за родителство што злато вредат

Читај повеќе

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Читај повеќе

Кои клучни особини ги наследуваме од родителите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Две најголеми грешки што ги правиме кога готвиме тиквички

Читај повеќе