Љубов и секс

Десет интересни факти за сексот

11. јануари 2017 - 12:44 | Д.П.

Човечките тела знаат да бидат вистински фасцинантни, но и многу чудни. Така е кога се во прашање сексот и сексуалноста. Прочитајте ги овие интересни факти за сексот.

1. Во текот на сексот ноздрвите отекуваат, а тоа се случува поради зголемениот доток на крв во ноздрвите, слично како и кај половите органи.

2. Еден маж произведува доволно сперма за да може да се оплодат сите плодни жени на планетата.

3. Луѓето не се единствениот вид кој има орален секс.

4. Клиторисот се состои од повеќе од 8.000 нервни завршетоци, односно двојно повеќе од кај пенисот. Поради тоа жените почесто доживуваат оргазам со стимулирање на клиторисот отколку вагинален со пенетрација.

5. Оргазмот и кашлањето се единствените телесни реакции што не може да се сопрат откако ќе почнат.

6. Кога некој е сексуално возбуден, мали се шансите да доживее гадење кон било што.

7. Некои жени можат да доживеа оргазам само со стимулирањето на брадавиците, но тоа се само еден процент од жените во светот.

8. Жените кои имаат проблеми со мигрената по правило повеќе имаат сексуални односи, а според експертите, тоа е така бидејќи оргазмот ги ублажува болките.

9. Сперматозоидите патуваат со брзина од 366 километри на час.

10. Иако многумина сметаат дека мирисот на чоколадото е афродизијак, вистинста е дека мирисот на тиква има позитивен ефект на машката сексуалност.

Коментирај