Дистопискиот роман „1984“ на Орвел е најпродавана книга во Русија

Дистопискиот роман на Џорџ Орвел „1984“, футуристичко дело за тоталитарните владетели кои „ги перат мозоците“ на граѓаните за да обезбедат поддршка за бесмислени војни, е на врвот на листата на најпродавани книги во Русија.

Тоа е најпопуларното футуристичко дело преземено оваа година од платформата на руската онлајн книжарница ЛитРес и второ најпопуларно во сите категории, објави денеска државната новинска агенција ТАСС.

Романот на британскиот писател беше објавен во 1949 година, веднаш по падот на нацизмот во Европа и избувнувањето на Студената војна и раѓањето на советскиот комунистички блок на чело со Сталин. Книгата беше забранета во Советскиот Сојуз до 1988 година.

Орвел еднаш рече дека токму диктатурата на Сталин му послужила како модел за култот на личноста на Големиот брат, чија „полиција на мислите“ ги принудувала граѓаните на „изопачено размислување“ според кое „војната е мир, а слободата е ропство“.

Но, некои сега гледаат паралели во ова со владеењето на рускиот претседател Владимир Путин, кој во своите 20 години на власт ја задуши опозицијата и независните медиуми и ги рехабилитираше сеќавањата на Сталин.

По инвазијата врз Украина, тој воведе закон со кој се казнува објавување на каква било информација за  војната што не е во согласност со официјалната политика. Кремљ исто така го избегнува зборот „војна“ и наместо тоа го користи терминот „специјална воена операција“.

Официјални лица во Москва инсистираат на тоа дека Русија нема омраза кон Украина, дека не го нападнала својот сосед и дека не ги окупира украинските територии што ги зазеде и анектираше.

Но, руската преведувачка на последното издание на „1984“ гледа и некои други паралели со романот на Орвел.

– Дури и во своите најлоши кошмари, Орвел не можеше ни да сонува дека на Запад ќе започне ера на „либерален тоталитаризам“ или „тоталитарен либерализам“ и дека цели народи, а не само изолирани поединци, ќе се однесуваат како диво стадо“, изјави во мај Дарија Человалникова за издавачката куќа АСТ.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Книги

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more
 

Магазин

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе