Додик: Ако Трамп победи на изборите, Република Српска би можела да прогласи независност

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, рече дека очекува оти победата на Доналд Трамп на претстојните претседателски избори во САД може да ја отвори вратата за прогласување независност на Република Српска, додавајќи дека властите на тој ентитет не се откажале од таквата цел и покрај предупредувањата од Западот. Во интервјуто, кое на своите веб-страници го објави рускиот провладин весник Известия, Додик рече дека „Босна и Херцеговина исчезнува“ и затоа Република Српска ќе бара начини да ја зајакне својата независност.

„Чекаме некои големи сили да кажат дека (српскиот) народ има право на самоопределување. Никогаш не се откажавме од потребата да ја зајакнеме нашата Република Српска“, рече Додик, додавајќи дека ентитетот нема да ја пропушти можноста „на мирен начин“ да го заштити својот статус.

„На пример, ако се случи Доналд Трамп да победи на претседателските избори во САД, може да се појават одредени услови тоа да се случи. Тоа сепак може да се случи. Мислам дека е погрешно да се каже оти тоа никогаш нема да се случи“, рече Додик, кој минатата недела беше во Татарстан и таму се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, со кого, како што самиот тврдеше, разговарал цел час зад затворени врати.

На прашањето на Известия дали е можен референдум за независност на Република Српска веќе оваа година, Додик одговори дека останува да се види, а коментирајќи ја можноста тој ентитет да ѝ се приклучи на Србија по прогласувањето независност од Босна и Херцеговина, тој објасни дека тоа го гледа како право на обединување на сите Срби според моделот со кој се обединија Источна и Западна Германија.

Во интервјуто, објавено точно две години откако Русија почна војната во Украина, Додик отворено ја бранеше политиката на Москва и се залагаше за продолжување на кампањата против Украина вклучувајќи го и тврдењето дека Русија има целосно право на Крим, „кој никогаш не бил украински“.

„Верувам дека Русија не треба да го остави ова прашање недовршено. Ако прашањата во кои и понатаму се мешаат западните сили останат недовршени, позицијата на Русија ќе ослабне. Ако се решат сите прашања во стратешки важни области, тоа ќе им даде сила и на Русија и на целиот свет“, рече Додик.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Регион

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе