Драмски ќе го одбележи Светскиот ден на театарот со монографија за Ристо Стефановски и бесплатни влезници за две претстави

Годинава НУ Драмски театар Скопје ќе го одбележи 27 март Светскиот ден на театарот со низа активности наменети за различни целни групи што ќе се одвиваат во текот на целиот ден.

Програмската активност започнува со организирана посета на театарот од страна на неколку групи на ученици од основните училишта. Учениците ќе имаат можност да се запознаат со сите аспекти од работењето на театарот.

Промоцијата на монографија „Ристо Стефановски“, основачот на Драмски театар, ќе се одржи во 18 часот во фоајето на театарот. Промотор на монографското издание ќе биде Искра Гешовска теоретичарка на книжевност и уметност. Актерите Александар Степанулески, Предраг Павловски, Маја Вељковиќ-Пановска и Јована Спасиќ пред посетителите ќе прочитаат делови од книгата.

Програмската активност продолжува со именување на големата театарска сала во „Сала Ристо Стефановски“ со што неговиот влог во развојот на театарот не се препушта на заборавот и станува потсетник и за идните генерации. Именувањето на големата театарска сала е во 19 часот.

Програмата продолжува со изведба на театарската претстава „Мојот маж“ во режија на Нела Витошевиќ со почеток во 20 часот. Пред почетокот на претставата ќе се прочитаат и две пораки по повод Светскиот ден на театарот и тоа, македонската порака изготвена од театарскиот режисер Коле Ангеловски и светската порака за денот на театарот од Јон Фосе, норвешки писател, драматичар, драматург и добитник на Нобеловата награда за книжевност.

Одбележувајќи го Светскиот ден на театарот, од Драмски известуваат дека за љубителите на театарската уметност ќе обезбедат влезот да биде слободен за изведбите на претставите „Мојот маж“ во режија на Нела Витошевиќ на 27 март и „Пикник на фронтот“ во режија на Андреј Цветановски на 4 април. Резервација и подигнување на бесплатните билети за овие две претстави ќе се реализира преку билетарницата на Драмски театар Скопје.

реклама

Култура

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Read more

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе