Дроновите достигнаа ново ниво: Оставени сами на себе успешно избегнуваат пречки

Овие дронови направија нешто за прв пат во историјата. Имаме можност да го видиме едно од највпечатливите инженерски достигнувања, кои сѐ почесто нѐ изненадуваат во модерното време.

Со исклучок на круговите во воената индустрија (којзнае што се случува таму), принудувањето на група беспилотни летала да се координираат совршено, да избегнуваат препреки, да откриваат цели без да се судираат меѓу себе, не е навидум лесна задача.

Експериментите од овој тип најчесто се изведуваат во строго контролирани средини и со јасно дефинирана патека креирана од алгоритми и под надзор на експерти за овој тип на роботика.

Студентите од Универзитетот во провинцијата Жеџијан во Кина отидоа чекор подалеку, штом сме тука и после ваков вовед, нели?!

Тие развија алгоритам кој овозможува рој од 10 беспилотни летала со големина на дланка целосно независно да лета брзо низ бамбусова шума, корегирајќи го своето движење пред препреките за само неколку милисекунди. Навигацијата не се потпира на GPS системот, така што тие се погодни за употреба во области каде што сигналот е слаб. Покрај навигацијата во природа, кодот беше тестиран и за следење на едно лице.

Четири дрона, од четири различни агли успеале да ја задржат целта на радар дури и кога накратко таа излегувала од видното поле.

Remote video URL

Ваквиот систем во иднина би можел да помогне при природни катастрофи, кога е неопходно од безбедно растојание да се набљудува потенцијално опасен терени за да се лоцира загрозена личност. Повеќе дронови сигурно ќе го направат тоа побрзо од еден. Нема да зборуваме за можни злоупотреби, на кои предупредија некои експерти откако го погледнаа ова видео, бидејќи сѐ што е добро секогаш може на некој начин да се злоупотреби, но се надеваме дека нема да биде така...

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Вести

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more
 

Гик

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе