Два „F-16“ ловци го држеле на нишан авионот на Ердоган, кои се заговорниците?

Во текот на кулминацијата на неуспешниот обид за воен преврат двајца пилоти на ловци „F-16“, го имале на нишан авионот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и засега не е познато зошто не стрелале и му овозможиле да го продолжи летот.

„Најмалку два F-16 го следеле авионот на Ердоган додека беше во воздух на пат за Истанбул. Тие на радарите го нишанеле авионот и другите F-16 кои беа во негова придружба. Останува загатка зошто не пукале“, изјавил за Reuters поранешен офицер упатен во настаните.

Висок турски функционер потврдил за агенцијата дека два авиона од типот „F-16“ го следеле авионот со претседателот Ердоган веднаш по полетувањето од аеродромот во летувалиштето Мармарис.

Претходно обезбедувањето на турскиот претседател спречило да биде заземен хотелот во кој отседнал Ердоган во Мармарис.

Овие информации добиени главно од запленетата преписка меѓу пучистите укажува дека тие следеле каде се движи Ердоган и биле добро организирани. Самиот Ердоган изјави дека ги напаѓале местата кои тој ќе ги напуштел, мислејќи дека уште е таму.

Турскиот претседател се враќал во Истанбул од годишен одмор во близина на крајбрежното туристичко место Мармарис во моментите кога дел од војската го започна обидот за државен удар блокирајќи ги мостовите преку Босфор во Истанбул, обидувајќи се да го заземат главниот истанбулска аеродром „Ататурк“ и испраќајќи тенкови на парламентот во Анкара.

Три високи функционери во Анкара изјавија дека Акин Озтурк, командантот на воздухопловните сили до 2015 година и член на Високиот воен совет (YAS), тело кое ги контролира турските вооружени сили, бил еден од организаторите и идеолог на заговорот. Тој е меѓу илјадниците припадници на вооружените сили кои се уапсени, вклучително и командантот на една од најзначајните воздухопловни бази „Инџирлик“ Бекир Ерџан Ван и главниот советник на Ердоган за воени прашања, Али Јазиџи.

Озтурк, роден 1952 година, требало да биде пензиониран на 30 август на состанокот на YAS, кој се состанува двапати годишно. Меѓутоа, се појавија информации дека тој наводно дознал дека бил истражуван поради можни врски со луѓето на проповедникот Фетулах Ѓулен кој живее во САД, обвинет од владата за создавање паралелни структури во правосудството, образованието, полицијата и армијата, како и за сегашниот обид за пуч, што тој го негира.

Како втор по важност меѓу организаторите на неуспешниот преврат се смета Мухарем Косе, поранешен правен советник на началникот на Генералштабот, соопштиле тројца високи функционери од Анкара. Тие го опишале Косе како следбеник на Ѓулен. Косе беше отстранет од должноста во март под обвинение за лошо постапување, но не отстранет од армијата. Во моментов турските власти немаат информации каде тој се наоѓа.

„Постоеле сериозни подготовки кои се одвивале многу долго време. Овие две лица изгледа биле главни во организирањето на државниот удар“, изјавил функционер, кој барал да остане анонимен бидејќи истрагата сè уште трае.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе