Двајца Украинци харале низ БиХ: Од банкомати украле 1,3 милиони евра

Двајца украински државјани се осудени на 6 години и 10 месеци затвор во Босна и Херцеговина за серија компјутерски измами при кои успеале да украдат 1,3 милиони евра од банкомати низ земјата.

Во текот на 2020 година, Дмитро Бојко (42) и Олександр Зајцев (61) и уште пет други државјани на Украина користеле различни софистицирани компјутерски алатки и програми и пристапувале до руските банкомати на Сбербанк на 24 локации. Во овие операции со измама земале поголеми суми пари. На овој начин тие и другите членови на групата се стекнале со противправна имотна корист во износ од околу 2,6 милиони марки (околу 1,3 милиони евра), извести обвинителството во Тузла.

Бојко и Зајцев беа уапсени во областа на Бихаќ во февруари 2020 година и оттогаш се во притвор. Според соопштението, Врховниот суд на Федерацијата Босна и Херцеговина донел правосилна пресуда со која двајцата се осудени на вкупно 6 години и 10 месеци затвор. Во нивната казна ќе биде вклучен и периодот поминат во притвор од 2020 година, наведуваат во соопштението.

При последниот криминален чин, дуото неовластено подигнало околу 50.000 евра од банкоматот на Сбербанк, која во меѓувреме, по руската агресија врз Украина го промени сопственикот. Тие пари се одземени и вратени на сопствениците.

Жупаниското обвинителство на округот Тузла, во соработка со Федералната полициска управа и други полициски агенции во Босна и Херцеговина, спроведе истрага против седум Украинци. Со оглед на тоа што петмината не им се достапни на правосудните органи во Босна и Херцеговина, ова кривично гонење е предадено на украинските полициски агенции и тамошните правосудни институции.

реклама

Регион

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе