Едноставен рецепт за босанска алва

Традиционално воочи муслиманскиот празник рамазан верниците на Балканот подготвуваат десерти, а доста популарна е босанската алва, која, се разбира, може да ја јадат сите, без разлика на верата.

Алвата потекнува од Персија, а преку Блискиот Исток и Отоманската Империја стигнала на Балканот, каде и денес е многу популарна, особено во Грција и Турција.

Во Босна и Херцеговина алвата, или како што тие ја нарекуваат - халва, се подготвува по повод мубарек ноќта и воочи празниците, како и по повод рамазан.

Во османлискиот период овој десерт го правеле и продавале алваџиите во нивните алваџински продавници. До 1908 година во Сараево имале специјална чаршија за халваџилук. Со оваа работа најмногу се занимавале Македонците и Албанците.

Алва е слатко јадење направено од брашно, масти или шеќер и од сусам или други адитиви.

Потребни состојки:

  • 100 гр путер или маргарин
  • 100 гр брашно
  • 100 гр шеќер
  • 200 мл вода
  • 1 ванилин шеќер
  • ореви или кокос за декорација

Подготовка:

Првата работа што треба да ја направите е да стопите 100 грама путер и да оставите целосно да се растопи. Потоа додадете 100 грама брашно. Потребно е смесата постојано да се меша 10 минути, внимавајќи да не изгори алвата.

Во друга тава ставете 200 милилитри вода и 100 грама шеќер и додадете една кесичка ванилин шеќер. Потоа зовријте ги водата и шеќерот и додадете ги во смесата со путерот и брашното. По неколку секунди почнете да ја мешате смесата за да не се формираат грутки.

Кога алвата е готова, оставете ја да се излади неколку минути, а потоа обликувајте ја со лажица. На крајот секое парче алва украсете го со ситно сечкани ореви или кокос.

Remote video URL
Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Рецепти

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more
 

Магазин

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе