Повеќе од подарок! Нешто бесценето, нова Mastercard®„гифт“ картичка

Еуростандард Банка ја воведува првата припејд подарок-картичка на нашиот пазар

За првпат во земјата, Еуростандард Банка АД Скопје воведува новаMastercardPrePaid подарок-картичка која со своите карактеристики и можности е уникатна и единствена картичка од ваков тип на нашиот пазар.

Истата може да се купи на сите шалтери на Еуростандард банка и нуди можност за неограничено надополнување средства, така што претставува незаменлив подарок за секого во секоја прилика.

За секој бесценет момент во животот исполнет со среќа и радост, како на пример: раѓање на дете или роденден, матурска или дипломска прослава, венчавка, одење во заслужена пензија, бонус за вработени или пак некаков празник, ако сте во недоумица што да им подарите на вашите ценети и блиски, отсега го имате вистинскиот подарок- со уплата на паричен износ кој купувачот на картичката сам го одредува.

Таа не е персонализирана, односно на пластиката не се печати име и презиме на корисникот на картичката, па така можете да ја подарите било кому. Минималниот износ кој може да се уплати изнесува 1.000 денари, додека максималниот до 30.000 денари.

Овој иновативен производ досега беше присутен само на пазарите надвор од нашата земја, во регионот и пошироко со карактеристики и начин на користење препознатлив за секоја банка поединечно, како докажан, едноставен и функционален производ.

„Креирањето на иновативни банкарски производи и услуги според желбите и потреби на нашите клиенти е вкоренето во стратегијата на Еуростандард Банка АД Скопје. Настојуваме постојано да сме во чекор со новите трендови што ги наметнува пазарот на капитал, па така и природно се јавува потребата за воведување на нови и модификација на постоечките производи, пред сѐ во делот на малопродажбата. Со своите карактеристики и можности кои ги нуди новата MastercardPrePaidGift картичката на Еуростандард Банка АД Скопје, таа е уникатна и единствена на пазарот во Македонија и веруваме дека со овој нов производ не само што се подобрува атрактивноста како и изборот на понудата во Еуростандард банка, туку и во земјата воопшто“, изјавуваат од Еуростандард Банка АД Скопје.

Новата MastercardPrePaid подарок-картичка може да се користи за плаќање стоки и услуги на сите продажни места во земјата и во странство, како и за купувања на интернет, па оттука, претставува извонредна можност за патувања, но и за подолги престои надвор од местото на живеење, а особено е погодна за ученици и студенти. Дополнително, со картичката може да се подигнува и готовина на сите банкомати на Еуростандард во земјата, без никаков надоместок.

Надополнувањето може да се врши во експозитурите и на шалтерите на банката преку електронско и мобилно банкарство, но и од други банки во земјата.

Нејзини дополнителни карактеристики се бесплатна услуга за известување за секоја авторизирана трансакција преку СМС-сервисот на банката и бесплатно користење на услугата 3D Secure за трансакции на интернет, а MastercardPrePaid Contactless картичката со можност за надополнување има важност од 3 години со еднократен надоместок при купување од 250 денари, без какви било дополнителни надоместоци во следните 3 години.

*Промотивен текст.

реклама

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе