Европратениците бараат санкции за убијците на Иранката Махса Амини

Пратениците во Европскиот парламент во резолуцијата усвоена вчера повикаа да се санкционираат иранските функционери вклучени во убиството на младата Иранка Махса Амини.

Махса Амини, 22-годишна Курдка, почина на 16 септември во болница во Техеран, три дена откако беше уапсена поради „неправилно носење хиџаб“.

Очевидци тврдат дека полицијата ја однела Амини до возило и ја претепала, а била пренесена во болница бидејќи паднала во кома. Протестите за нејзината смрт се одржуваат секоја вечер од 16 септември, а и покрај меѓународните повици за прекин на употребата на сила против демонстрантите, властите продолжуваат да се однесуваат грубо кон нив.

Пратениците ја повикаа ЕУ да ги санкционира убијците на младата Иранка

Европратениците ја осудија нејзината смрт и ја повикаа ЕУ да ги санкционира нејзините убијци и сите оние кои учествуваа во насилното задушување на протестот со повеќе жртви, соопшти Европскиот парламент.

Тие го повикаа Советот за човекови права на ОН да ги истражи последните случувања во Иран. Пратениците ги повикуваат и членките на ЕУ кои имаат дипломатски претставници во таа земја да ги координираат своите активности за заштита на борците за човекови права, особено борците за правата на жените и лицата со двојно државјанство на една од земјите-членки на ЕУ и Иран, се наведува во соопштението.

Пратениците, исто така, бараат од иранските власти веднаш и безусловно да ги ослободат сите лица кои се затворени исклучиво за мирно остварување на нивните права на слобода на изразување, здружување и мирно собирање, како и да ги отфрлат сите обвиненија против нив и сите други активисти за човекови права.

Санкции кон Иран

На 12 април 2011 година, ЕУ воведе санкции кон Иран поради сериозно кршење на човековите права. На 23 март 2012 година беа воведени дополнителни мерки, вклучително и ембарго за опрема што може да се користи за внатрешна репресија и за опрема што може да се користи за следење или пресретнување на интернет и телефонски комуникации на мобилни или фиксни мрежи. Овие санкции се во сила до 2023 година.

За состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ на 17 октомври би можело да се подготви нов пакет санкции. За негово усвојување потребна е едногласна одлука на сите членови.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе