Facebook почна да ги означува лажните вести

Социјалната мрежа Facebook, која многумина ја критикуваа поради ширење лажни вести во текот на последните претседателски избори во САД, пронајде начин како да го реши овој проблем: почна да ги означува сите вести со сомнителна содржина.

Ваквото тагнување компанијата го најави во декември, 2016 година, а од сега секоја вест ќе биде проверувана од партнерски фирми што се занимаваат со контрола на вистинитост на содржините. Доколку најмалку две фирми утврдат лажна вест, ќе стои предупредување на почетната страна (news feed) под веста.

Ваквите вести Facebook нема директно да ги квалификува како лажни, туку ќе ги тагне како спорни. Означувањето е можно од страна на корисниците, но оваа опција се уште не е достапна во сите земји. Од компанијата наведуваат дека наскоро сите ќе можат да ја користат.

Новиот систем на корисниците ќе им олесни да означат објави што веројатно се лажни. Тие потоа ќе бидат прегледани од страна на фирми задолжени за тоа и доколку се утврди дека се потенцијлано лажни, ќе бидат означени како спорни, пишува Business Insider.

Кога Facebook беше поврзан со објавување непроверени информации во врска со американските претседателски избори, основачот Марк Закерберг ги отфрли таквите шпекулации.

Тој тогаш изјави дека е глупост да се тврди дека лажни вести влијаеле на конечниот изборен резултат.

Подоцна сепак ја промени изјавата велејќи дека тие како компанија имаат поголема одговорност отколку само да создадат технологијата низ која поминуваат информации.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Интернет

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе