Интернет

Facebook повторно во фокус: На Закерберг му се заканува затворска казна

5. април 2019 - 18:19 | К.З.

Свирепите убиства кои неодамна се случија во Нов Зеланд ги поттикна земјите ширум светот да размислат за присуството на социјалните мрежи, како и за рестрикции за нивната содржина. Првите реформи на ова поле ги направи Австралија.

Австралија донесе одлука да ги казни социјалните мрежи со 10% од нивната годишна заработка, а директорите на тие компании со затворски казни до три години затвор доколку вознемирувачката и насилна содржина не биде „експресно“ отстранета од нив, се наведува во новиот закон кој го донесе парламентот на оваа држава.

Напаѓачот од Нов Зеланд во живо го пренесуваше свирепиот акт преку Facebook, а корисниците на оваа социјална мрежа имаа можност да го споделуваат видеото со часови, пред да биде отстрането. Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека ваквиот пропуст е неприфатлив.

„Важно е да испратиме порака до сопствениците на социјалните мрежи дека нивното однесување мора да се промени“, изјави австралискиот министер за комуникации, Мич Фифилд.

Google веднаш одговори на иницијативата на австралиската влада и најави дека таквата содржина веднаш ќе биде отстранета од нивните платформи. Официјалниот став на Facebook и понатаму останува непознат, но од компанијата уште минатата недела беше најавено дека постои можност насилната содржина да биде подложена на сериозни ограничувања.

Коментирај