Facebook за првпат во историјата забележа пад на дневни активни корисници

Социјалната мрежа Facebook забележа пад на дневни активни корисници за првпат во својата 18-годишна историја.

Матичната компанија на Facebook, Meta Networks, соопшти дека бројот на дневни активни корисници паднал на 1,929 милијарди во трите месеци до крајот на декември, во споредба со 1,930 милијарди во претходните три квартали.

Компанијата исто така откри дека го забавува растот на приходите бидејќи се соочува со конкуренција од ривалите како што се TikTok и YouTube, а огласувачите исто така трошат помалку пари.

Вредноста на акциите на Meta падна за повеќе од 20 отсто, што резултираше со губење на пазарната вредност од околу 200 милијарди долари.

Сепак, има и остар пад на вредноста на другите платформи, вклучувајќи ги Twitter, Snap и Pinterest.

Директорот и основач на Facebook, Марк Закерберг, рече дека падот се должи на фактот што публиката, особено помладите корисници, го напуштиле Facebook и преминале на страната на ривалите.

Meta ја има втората најголема платформа за дигитално рекламирање по Google, а тежок удар и беше зададен со промената на политиката за приватност на оперативниот систем на Apple. Како резултат на тоа, на брендовите им стана потешко да таргетираат и мерат рекламирање на Facebook и Instagram, а тоа влијание може да изнесува околу 10 милијарди долари оваа година.

Вкупниот приход на Meta, кој главно доаѓа од продажбата на реклами, се зголеми на 33,67 милијарди долари во истиот период, што е малку над очекувањата на пазарот. Приходите се проектирани на 27 до 29 милијарди долари за следниот квартал, што е помалку отколку што очекуваат аналитичарите.

Meta инвестираше во видео содржини за да се натпреварува со TikTok на кинеската компанија ByteDance, но заработува помалку од нејзините традиционални доводи на Facebook и Instagram. Закерберг беше уверен дека инвестирањето во видео и виртуелна реалност ќе се исплати, како и мобилното рекламирање и сторињата на Instagram.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Интернет

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Read more

Готово е: Од денеска само X

Read more

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Read more

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе