ФБИ објави доверлив документ: Нови информации за 11 септември

На годишнината од терористичкиот напад, американското ФБИ објави доверлив документ кој носи нови информации за настанот што го шокираше целиот свет.

Американското ФБИ објави доверлив документ во кој се наведува дека имало логистичка поддршка за двајца киднапери од Саудиска Арабија за време на терористичките напади врз САД во 2011 година, пренесува CNN.

Во документот се наведува дека киднаперите имале контакти со граѓаните на Саудиска Арабија во САД, но не се дадени докази дека високи претставници на саудиската влада учествувале во заговорот. На денот на одбележувањето на 20-годишнината од нападот, ова е првиот документ од истрагата на ФБИ, објавен откако претседателот на САД, Џо Бајден, нареди да се отстрани ознаката „доверливо“ од материјалите што беа недостапни за јавноста со години.

Документот на 16 страници содржи разговор помеѓу оперативци на ФБИ и човек кој често контактирал со Саудијците во САД, кои им помогнале на првите киднапери да дојдат во Америка, пред нападот.

Минатата недела, Бајден нареди Министерството за правда и другите агенции да ја декласифицираат ревизијата и да ги објават документите што можат да бидат објавени во следните шест месеци. Тој се соочи со притисок од семејствата на жртвите, кои долго време бараа извештаи, додека водеа судска постапка во Њујорк, при што тврдат дека лидерите на саудиската влада ги поддржале киднаперите.

Редактираниот документ беше објавен синоќа, неколку часа откако Бајден присуствуваше на комеморативните собири во Њујорк, Пенсилванија и Северна Вирџинија. Роднините на жртвите претходно се спротивставија на присуството на Бајден на комеморацијата, сѐ додека документите се доверливи.

Саудиската влада долго време негираше каква било вмешаност во нападите, а нивната Амбасада во Вашингтон го поддржа целосно обелоденување на сите извештаи, со цел да се стави крај на „неоснованите обвинувања против таа земја еднаш засекогаш“.

Амбасадата додаде дека секое обвинување дека Саудиска Арабија е соучесник е „категорично невистинито“.

Од 19 киднапери, дури 15 биле државјани на Саудиска Арабија.

Тагови
реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Свет

Браќата Тејт добија граѓанска тужба за силување и напад

Read more

Грета Тунберг казнета поради протестите во Стокхолм

Read more

Бајден ја запре испораката на оружје за Израел

Read more

Зошто растат кириите за домување во Германија?

Read more
 

Вести

Браќата Тејт добија граѓанска тужба за силување и напад

Читај повеќе

Награден конкурс за книжевни творби инспирирани од творештвото на Франц Кафка

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот зајакна

Читај повеќе

Грета Тунберг казнета поради протестите во Стокхолм

Читај повеќе

Бајден ја запре испораката на оружје за Израел

Читај повеќе

ДНК на малата Данка не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Читај повеќе

Зошто растат кириите за домување во Германија?

Читај повеќе

Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Читај повеќе

Апасиев: Ги чека пекол во Собранието

Читај повеќе