Фестивалот на забавни мелодии Макфест на 21 и 22 октомври

Во Штип викендов ќе се одржи Фестивалот на забавна музика Макфест. На денешната прес-конференција беше истакнато дека на фестивалот ќе има познати музички имиња, но и млади таленти.

– Овој викенд целата македонска естрада ќе биде во Штип, на единствениот фестивал на забавна мелодија. Ќе настапат доста познати музички имиња, но и нови млади таленти кои ќе се промовираат на македонската музичка сцена, вели градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

На Макфест оваа година нема да се доделуваат награди, наместо да биде од натпреварувачки карактер целта е да излезат квалитетни и рефрени кои ќе се паметат.

Според уметничкиот директор, Роберт Саздов, публиката ќе биде побогата за уште едно фестивалско искуство.

– Сигурен сум дека подготвивме еден нов модерен динамичен фестивал, одлични изведувачи, многу добар избор, имавме малку и среќа и мислам дека публиката ќе биде побогата за едно ново големо фестивалско искуство, вели Саздов.

Оваа година Макфест е финансиран од страна на Општина Штип со 5 милиони денари, а спонзорите, поддржувачите и пријателите на Фестивалот со еден милион денари.

Јорданов истакна дека средствата кои биле понудени од страна на Министерството за кутура во износ од 400.000 денари биле одбиени, бидејќи, подвлече, овој фестивал заслужува повеќе.

– Неколкупати досега сме споменале дека со домаќинско работење средства има за сѐ, и за капитални инвестиции, но и за еден сегмент во културата, во спортот. Средствата кои се определени за Макфест се доволни за да се организира овој фестивал на едно ниво на кое поскауваме. Макфест оваа година ќе се одржи на 21 и 22 октомври, петок и сабота во Центарот за култура „Ацо Шопов“ - Штип. Пакет карта за двете вечери е со цена од 800 денари.

Тагови
реклама

МК сцена

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Read more

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Read more

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе