ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАНАДА/САД/МЕКСИКО 2026

ФИФА го откри логото за СП 2026: Во Paint ли е правено?

Филип Здравески
/ 18.05.2023 / 13:39

Светската куќа на фудбалот денеска го претстави официјалното лого за Мундијалот 2026 и предизвика лавина незадоволство ширум интернетот поради логото кое личи како воопшто труд да не е вложено во неговата изработка.

Светското првенство во 2026 година за прв пат ќе се одржи во три земји и тоа Канада, САД и Мексико, а воедно наместо 32 ќе учествуваат 48 репрезентации. На три години до светскиот собир ФИФА го претстави логото на првенството на настан во Лос Анџелес на кој присуствуваа претставници на трите земји-домаќини, фудбалски легенди и специјални гости, меѓу кои и Роналдо кој со Бразил освои две мундијалски титули (1994 и 2002).

„Ова е моментот кога трите земји и целиот континент можат колективно да кажат: 'Ние сме обединети и заедно сакаме да му посакаме добредојде на целиот свет и да го направиме најголемото, најдоброто и најинклузивното можно Светско првенство досега'. Турнирот ќе им овозможи на сите три земји домаќини самостојно да напишат своја страница во историјата на Мундијалите, а ова уникатно брендирање е првиот чекор кон 2026 година“, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

URL

Навивачите се крајно разочарани од дизајнот и многумина не штедат зборови за да ја критикуваат ФИФА. Двете бројки 2 и 6 една над друга, а над нив пехарот. Поедноставно веројатно и не можело.

„Изгледа како нешто направено во Paint за две минути“, „Сигурно многу време потрошиле на ова“, „Ова е најлошото лого што сум го видел“, „Сигурно им требало години за ова да го смислат“, „Најлошо во во историја! Нула креативност“, „Хахаха, добра шега. Ајде сега објавете го вистинското“, се дел од лавината коментари.

URL

За разлика од мундијалските вљубеници, ФИФА логото го опишува на следниов начин:

„За прв пат во историјата слика од вистинскиот пехар и годината на одржувањето на турнирот се претставени, со што се создава иновативен дизајнерски јазик кој го закотвува амблемот на ФИФА Светското првенство за 2026 и понатаму. Сликата на пехарот и годината му дозволуваат на секој домаќин да рефлектира уникатност кога ќе изработува идентитетска бренд структура за годините што доаѓаат“.

URL
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Фудбал

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Read more

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Read more

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Read more
 

Спорт

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе