ФИФА му изрече тригодишна суспензија на Рубиалес

Макфакс/Кајгана
/ 30.10.2023 / 14:05

Дисциплинската комисија на ФИФА го суспендираше поранешниот претседател на Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ), Луис Рубиалес, од сите должности на 3 години. За време на суспензијата, тој не смее да врши никаква функција во национални или меѓународни фудбалски тела.

Причина за суспензијата е сексистичкиот скандал на финалето на Мундијалот за жени. Да потсетиме, сето тоа се случи за време на доделувањето на златните медали на Шпанките, кога Рубиалес ја бакна фудбалерката Џенифер Ермосо.

Ермосо, инаку фудбалска легенда, подоцна за време на пренос во живо на Instagram изјави дека не ѝ се допаднал потегот на Рубиалес.

Remote video URL

Но, претседателот не застана тука. За време на прославата во соблекувалната ја прегрна Ермосо и ѝ рече: „Јас и ти ќе се венчаме на Ибица“.

Ермосо поднесе официјална жалба до обвинителството против Рубиалес, кој потоа под голем притисок од јавноста поднесе оставка од сите негови функции.

Во Мадрид е во тек посебно судење. Рубиалес ги отфрли наводите за сексуална злоупотреба и принуда што ги покрена Ермосо против него. Обвинителот побара од судијата да му забрани на Рубиалес да ѝ се доближува на фудбалерката поблиску од 500 метри, што беше прифатено.

Рубиалес четири години беше потпретседател на УЕФА под водство на Александер Чеферин, а беше сменет на 10 септември годинава токму поради овој скандал. РФЕФ ја водеше од мај 2018.

46-годишникот од Лас Палмас е поранешен дефанзивец чија кариера најмногу беше во Сегунда Дивисион играјќи за Гуадикс, Мајорка Бе, Љеида, Херес, Леванте и Аликанте. Со Леванте заигра и во Ла Лига. Во 2009 година потпиша за шкотскиот премиерлигаш Хамилтон, но по само 3 натпревари одлучи на 32-годишна возраст да се пензионира.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Фудбал

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Read more

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Read more
 

Спорт

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе