ФИФА пресече: Целосен ремонт на Мундијалите

ФИФА ги потврди промените кои ќе се случат на следното Светско првенство.

Како што пишува The Athletic, од 2026 година на првенството ќе одат 48 репрезентации наместо досегашните 32.

Во првата фаза ќе има 12 групи со по 4 репрезентации, а понатаму ќе одат сите прво и второпласирани селекции, како и осумте најдобри третопласирани.

Тоа ќе значи дека за 39 дена ќе се одиграат 104 натпревари.

URL

Така, ФИФА ќе добие уште 40 натпревари во своето најголемо натпреварување.

Досега се играа 64 натпревари во формат со 32 репрезентации.

Постоеше и можност сите репрезентации да се поделат во групи од по три селекции, но се чини дека оваа идеја беше напуштена.

Светското првенство го организираат три држави

Од дополнителните 16 репрезентации на светското првенство, 3 места треба да добијат азиските репрезентации, 4 африканските, 2 северноамериканските, 2 јужноамериканските, 3 европските и 1 океанските.

Последниот учесник ќе биде одреден со интерконтинентален бараж.

Европските квалификации ќе започнат во март 2025 година и ќе траат една година.

Светското првенство во 2026 година ќе биде првото во историјата што ќе го организираат три домаќини - САД, Мексико и Канада.

Да потсетиме, досега единствен Мундијал кој имаше повеќе од еден домаќин беше оној во 2002 година кој се одржа во Јапонија и Јужна Кореја.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Фудбал

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Read more
 

Спорт

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе