Формула 1 ги објави финансиските податоци за минатата сезона, а особено импресивни се податоците за годишниот приход.
Имено, годишниот приход е зголемен за 25 отсто, од 2,573 милијарди долари на 3,222 милијарди долари, а добивката е зголемена за дури 64 отсто, од 239 милиони на 392 милиони долари.
Исто така, десетте натпреварувачки тимови добија повеќе пари, од 1,157 милијарди долари на 1,215 милијарди долари.
Сопственикот на Формула 1, американската медиумска корпорација Liberty Media, нагласи дека одлуката за вклучување на трката за Големата награда на Лас Вегас во календарот е полн погодок и дека тоа е директно поврзано со зголемувањето на приходите.
„Приходите од промоција на трката се зголемија првенствено поради приходите од билети во Лас Вегас и други зголемувања на договорните такси, како и растот на приходите од постоечките спонзори“, велат од Liberty Media.
Во саботата во Бахреин започна новата сезона на Формула 1, а сосема очекувано славеше Макс Верстапен.