Француската влада призна дека направила грешки во кризата со протестите на „жолтите елеци“

Францускиот премиер Едуар Филип во интервју за весникот „Лез Еко“ призна дека Владата направила грешки во кризата со протестите на „жолтите елеци“ и оти не ги слушала доволно Французите.

Во саботата во протестите низ цела Франција се вклучија два пати помалку луѓе во споредба со претходните недели.

– Битките завршија, сега доаѓа ред на дебатите, изјави претседателот на Националното собрание Ришар Феран.

Филип за „Лез Еко“ исто така изјави дека мерките што ги објави претседателот Макрон ќе чинат околу 10 милијарди евра.

Во нив спаѓаат укинувањето на данокот на гориво, замрзнувањето на цените на електричната енергија и гасот, месечното зголемување од 100 евра на минималните плати и укинувањето на данокот на ниските пензии.

Според Филип, со воведувањето на овие мерки, дефицитот во буџетот за 2019 година ќе достигне 3,2 отсто од претходно проектираните 2,8 отсто.

Феран, пак, ги покани „жолтите елеци“ да ги формулираат своите барања во „платформа на предлози“ или да ги изразат на следните избори – европските избори во мај 2019 година

Според една неодамнешна анкета, 21 отсто од гласачите на тие избори планираат да гласаат за екстремниот десничарски Национален собир на Марин ле Пен, а 20 отсто за „Република, напред!“ на претседателот Емануел Макрон.

По четири викенди протести, популарноста на претседателот Емануел Макрон многу падна и сега само 23 отсто од испитаниците се задоволни од неговата влада, а 76 отсто не се задоволни. Ова го покажа анкета објавена минатата недела во француските весници.

– Макрон од сега па натаму ќе мора повнимателно да се однесува со синдикатите и градоначалниците и да одржува директен контакт со Французите, истакна социологот Шан-Даниел Леви.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе