Гачевски се сликаше со Облак и порача: „Никогаш не вели никогаш“

Голманот на Вардар одамна е другар со Јан Облак, а според правилата на ФИФА сѐ уште може да игра и за Словенија. Можно ли е да стане прва замена за голманот на Атлетико?

Филип Гачевски брани одлично за Вардар. И тоа не од скоро туку откако стана вардарова единица. Претходно растураше и во штипска Брегалница. Беше дел од репрезентацијата на Македонија сѐ до моментот кога селекторот Игор Ангеловски не реши да прави рокади со помладите голмани на сметка на популарниот Гача. Потоа вардарецот јавно го критикуваше селекторот, постапка поради која со право му е затворена вратата од репрезентацијата. Не му требаше такво нешто, но се случи.

Според квалитетот и формата, Гачевски моментално е дефинитивно репрезентативен калибар, најмалку голман број два зад Столе Димитиевски.

Како Гачевски може да го облече словенечкиот дрес? Едноставно. Тој е роден во гратчето Мурска Собота во Словенија, има словенечки пасош, а никогаш не заиграл за сениорската репрезентрација на Македонија. Настапуваше за репрезентацијата до 21 година, но тоа за ФИФА не претставува проблем.

Во составот на Словенија резервни голмани се Вид Белец (29 години) и Нејц Видмар (30). Првиот има 13 настапи и е член на АПОЕЛ, вториот ниту еден и го чува голот на Олимпија. Во изминатите година дена повикувани биле и Грега Сорчан (23) од Домжале, Матиц Котник (29) од Паниониос и Алјаж Ивачич (25) од Портланд Тимберс, но ниту еден не заиграл ни минута.

Јан Облак е неприкосновен, па прашањето дали Гачевски е поквалитетен од резервните словенечки голмани? Никогаш не се знае бидејќи и голманите се повредуваат, добиваат црвени, па можеби и Облак некогаш ќе треба некој квалитетен да го замени.

реклама

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе