Го користиме секој ден, но што всушност претставува интернетот?

Веќе е непотребно да се потенцира колку е важен интернетот во денешниот свет. Илјадници километри од кабли кои поврзуваат податоци низ милиони компјутери во светот го диктираат нашиот начин на живот во 21 век. Но што всушност е интернетот?

Животот во 2018 година прави да е неопходно поседувањето на интернет врска, но истовремено не бара од вас да знаете нешто во врска со интернетот. Во продолжение ќе се обидеме да ви дадеме одговор на некои од најважните прашања поврзани со интернетот и светските мрежи.

Што е интернет?

Интернетот е глобална мрежа која им овозможува на компјутерските мрежи кои се во сопственост на компании, влади, универзитети и останати организации да комуницираат едни со други. За да се овозможи комуникација се потребни огромни количини кабли, компјутери, дата центри, рутери, сервери, сателити и Wi-Fi кули кои овозможуваат дигиталниот сигнал да патува низ светот.

Токму оваа инфраструктура ви дозволува да купувате на интернет, да го споделувате вашиот живот на Facebook и Twitter, да стримате филмови и серии на Netflix, да праќате мејлови на вашата тетка во Германија и да го пребарувате Google за најслатките фотографии со мачки.

Колку е голем интернетот?

Еден начин да се измери интернетот е преку количината на информации кои секојдневно поминуваат низ каблите на интернетот: околу пет ексабити на ден. Тоа е еднакво на 40.000 двочасовни филмови во стандардна дефиниција секоја секунда.

На луѓето кои не се упатени во мерните единици на интернетот, информациите напишани погоре нема да им значат ништо. Штета што ги немаме вистинските бројки за должината на каблите кои го снабдуваат интернетот низ целиот свет, но знајте дека постојат илјадници и илјадници километри кабли поставени на дното на водните површини кои ги поврзуваат островите и контитентите. Повеќето од нив се фибер оптички кабли кои пренесуваат податоци со брзината на светлината. Во 2008 година дојде до оштетување на два кабли близу до египетското пристаниште Александрија и поради овој дефект десетици милиони луѓе од Африка, Индија, Пакистан и Блискиот исток немаа пристап до интернет.

Колку енергија троши интернетот?

Кинеската телефонска компанија Huawei проценува дека информатичката и комуникациската технологија ќе користат 20% од светската струја и ќе бидат одговорни за повеќе од 5% од сите емисии на јаглерод до 2025 година. Според авторот на ова истражување, „цунамито од податоци“ допрва доаѓа.

Што е world wide web (www)?

The web (мрежата) е начин да се погледнат и да се споделат информации преку интернет. Таа информација, без разлика дали се работи за текст, музика, фотографии, видеа или што било останато, е запишана на веб-страни до кои се стигнува преку веб пребарувач.

Google работи со преку 40.000 пребарувања во секунда, а притоа контролира 60% од глобалниот пазар на пребарувачи преку нивниот производ Chrome. Постојат преку 2 милијарди веб-страни во светот, но повеќето од нив воопшто не се посетувани. Највисоко пласираните 0,1% (околу 5 милиони) привлекуваат повеќе од половина од целосниот светски интернет сообраќај.

Колку луѓе се онлајн?

Зависи како ја мерите оваа бројка. Интернационалната телекомуникациска унија (ITU) го смета за „онлајн“ секој човек кој користел интернет во последните три месеци. Тоа значи дека при мерењето не се претпоставува дека луѓето користат интернет само поради тоа што живеат во град во кој има пристап до интернет или пак во близина на Wi-Fi кула. Според нивните калкулации, околу 3,58 милијарди луѓе користеле интернет до крајот на 2017 година, што е всушност 48% од светската популација. Таа бројка би требало да се искачи на 3,8 милијарди (49,2%) до крајот на 2018 година, а веќе од 2019 година се предвидува дека половина од светската популација ќе биде онлајн.

Кои места се офлајн?

Постојат огромни поделби помеѓу местата кои се поврзани на интернет и оние кои не се. Спротивно на верувањата, поголемиот дел од африканските големи градови се целосно поврзани на интернет. Повеќе од половина од Јужна Африка е постојано онлајн, а истото е случај и во Мароко. Останатите земји како Боцвана, Камерун и Габон се поврзуваат брзо и наскоро ќе бидат целосно обезбедени со интернет конекција.

За разлика од нив, земји како Танзанија, Уганда и Судан обезбедуваат интернет само за 30%-40% од населението. Во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне само околу 10% од населението е онлајн. Има и уште полоши состојби, за жал. Земјите како Еритреја и Сомалија имаат само 2% покриеност со интернет.

Проблемот со поврзувањето на поголемиот дел од овие африкански територии е во инфраструктурата која не дозволува да се почне од напреден стадиум. Имплементацијата на интернет конекција во урбаните места е полесна бидејќи веќе постојат услови за местење кабли, кули и предаватели, но во руралните краеви тоа чини многу повеќе бидејќи се почнува од нула, од првиот чекор.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе