Годишно има по 270 милиони повреди на работа

Македонското здружение за заштита при работа во соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија и Сојузот на синдикати на Македонија денеска и утре во Скопје организира обука за тоа како да се сочува здравјето на работниците и како да се превенираат инвалидноста, професионалните болести и повредите на работа.

На обуката присуствуваат претставници од здруженијата на работодавачи, комори и стручни лица кои работат на полето на безбедноста и здравјето при работа.

Податоците на Меѓународната организација на трудот (МОТ) покажуваат дека секоја година на светско ниво се регистрираат 270 милиони повреди на работа со отсуство од работа подолго од три дена и 160 милиони професионални болести. Околу 30 до 40 проценти од нив минуваат во хронични и иреверзибилни состојби, а 10 проценти се поврзани со целосен и траен губиток на работната способност.

И податоците на Светската здравствена организација укажуваат дека 1/3 од работната популација во светот постара од 45 години боледува од една или повеќе болести во врска со работата и проценет морталитет  на околу  800.000 работници на годишно ниво.

Гранки со највисока инциденција на професионални болести се рударството, градежништвото и преработувачката индустрија.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе