Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е во Мадрид, но нема да игра на Мастерсот во шпанската престолнина.
Ѓоковиќ го откажа настапот во Мадрид, но остана во тој град да го гледа големото дерби помеѓу Реал и Барселона.
Домаќин на најдобриот светски тенисер беше претседателот на Реал, Флорентино ПереС, на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ и по тој повод му врачи дрес на српскиот тенисер.
Ѓоковиќ синоќа уживаше во победата на Реал по пресврт од 3:2 што практично го реши прашањето на шампионот.
Победата на кралевите им ја донесе фантастичниот Џуд Белингем со гол во 90+1. Од средбата.