Ѓоковиќ: За еден ден го преболев финалето на Вимблдон

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ конечно ќе игра на американски турнир, бидејќи конечно му беше дозволен влез во САД без потврда за вакцинација против коронавирусот. Станува збор за Мастерсот во Синсинати.

Пред почетокот на првиот дуел, освојувачот на 23 грен слем титули се обрати пред медиумите и тврди дека веќе го „архивирал“ загубеното финале на Вимблдон. По освоените 38 мастерс турнири, Ѓоковиќ потврди дека сѐ уште е гладен за успех.

„Сè уште имам поттик и мотив да дојдам на најголемите турнири и да се обидам да победувам, да освојувам титули и да ја израдувам публиката“, изјави српскиот тенисер.

Ова ќе биде прв турнир за најодликуваниот тенисер во историјата по поразот во финалето на Вимблдон од Карлос Алкарас. Ѓоковиќ тврди дека овој пораз не оставил трага кај него.

„Финалето на Вимблдон? Тоа не беше ниту прв ниту последен меч што го загубив, па го преболев тој пораз за еден ден. Секако дека ќе ми требаше одмор по тој дуел, како и поминување време со моето семејство, и тоа и го направив. Жал ми беше што не ризикував за време на тоа финале. Бев во добра позиција во вториот сет, почувствував дека сум блиску до водство. Сепак, имаше брејк топки во петтиот сет. Беше многу неизвесно, но Карлос заслужи да победи бидејќи играше подобро во важните моменти, како што кажав по финалето. Ајде да одиме понатаму. Да не бев мотивиран, немаше да бидам тука. Сега, по долги години професионален тенис, чувствувам дека имам избор да го играм она што навистина сакам да го играм. И навистина сакав да бидам овде во Синсинати, а секако дека УС опен е зад аголот“, изјави српскиот ас на прес-конференцијата.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Тенис

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Read more

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Read more

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Read more

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе