Во текот на 2021 година, TikTok стана најпосетуваниот интернет домен во светот.
Според истражувањето на американската технолошка компанија Cloudflare, платформата за споделување кратки видеа TikTok беше најпосетуваниот интернет домен во 2021 година.
Популарниот сервис беше пред Google, кој беше лидер во посетеност во претходните години.
На листата на најпосетувани домени во минатата година се Facebook, Microsoft и Apple.
Меѓу првите десет има и сајтови, и апликации, Amazon, Netflix, YouTube, Twitter и WhatsApp.
TikTok најпрво го презеде водството на 17 февруари, а од 10 август речиси секој ден е пред Google во однос на посетите.
Апликацијата TikTok забележа над три милијарди преземања ова лето, што претходно ѝ успеа само на Facebook.