Google со дудл посветен на жените низ светот
Во чест на Меѓународниот празник на жените, Осми март, Google објави кратко видео во кое го одбележува празникот. Повеќе од 330 жени ги откриваат своите желби и соништа во емотивното видео, снимено во 13 градови и на неколку јазици.
Жените ја завршуваат реченицата „Еден ден ќе...“, објаснувајќи која е нивната најголема желба. Во видеото се појавуваат Малала Јусафзаи и други познати припаднички на понежниот пол.