Гошева се премисли, направила преседан заради кризата во државата

Претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, иако на 18-ти февруари беше децидна дека Уставниот суд не е надлежен да расправа за иницијативата за распуштање на Собранието со одложено дејство, сепак на денешната седница се премисли и направи отстапка од судската практика поради состојбата во којашто се наоѓала државата.

Гошева се повика на одлука, отстапување од судската практика., коешто било направено во 2001 година за време на конфликтот, поради државни интереси.

Иако Уставниот суд прво се прогласил за ненадлежен, сепак направил преседан во своето постапување и се впуштил и мериторно одлучувал, го укинал Законот за ратификација на билатерален договор меѓу Македонија и Грција за изградба и управување со нафтовод. 

Судот тогаш не бил надлежен да одлучува за ваквиот Закон и го ставил надвор од правниот промет. 

„Имајќи го предвид ваквиот исклучок и состојбата во која се наоѓа државата, која е доста специфична и во која органите се наоѓаат во функционална блокада, и подолг период нема разрешница на настанатата состојба, сметам дека Судот треба да направи отстапка, да расправа и да одлучи по оспорените одлуки. Јас, како претседател на Судот, и како судија сега, но не и во иднина, ќе направам преседан, ќе го поддржам предлогот на рефератот и ќе гласам за поведување на постапка за оценување на уставноста на оспорените одлуки“, истакна Гошева.

Пред неколку месеци Гошева тврдеше дека Одлуката на Собранието претставува поединечен акт кој важи само за тоа Собрание и Уставниот суд не е надлежен да постапува по неа.

„Зборуваме за акт кој не е закон или пропис, туку е поединечна одлука. Дефинитивно не може Уставниот суд да ја прифати оваа иницијатива и да одлучува мериторно за уставност на акт кој не е закон или пропис, туку е конкретен поединечен акт“, рече Гошева.

Иницијативата којашто претходно ја поднесоа претседателот на Демократскиот сојуз (ДС), Павле Трајанов и претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК), Тодор Петров беше отфрлена со пет гласа „против“ и четири гласа „за“, а денеска судиите едногласно одлучија да расправаат за уставноста на распуштањето на Собранието.

Судија известител во овој предмет е Исмаил Дарлишта, при презентирањето на иницијативата поднесена од пратеникот на владејачката ДУИ, Талат Џафери, истакна дека Судот веќе еднаш ја разгледувал една од одлуките кои се оспоруваат во иницијативата, но потенцираше дека ново во иницијативата е тоа дека се менува датумот на Одлуката за распуштање на Собранието која ја носи Собранието кое веќе било распуштено со претходната одлука. Судот не побарал одговор од Собранието, бидејќи тоа веќе било распуштено.

Судиите во среда едногласно донесоа одлука со која што се запираат сите изборни дејствија, односно сите акти кои произлегуваат од одлуката за распуштање на Собранието. Конечната одлука за распуштањето на Собранието ќе биде донесена идната недела. Најверојатно Уставниот суд ќе ја поништи одлуката за распуштање на Собранието, со оглед на тоа што Претседателот на Собранието експресно закажа седница на Собранието за во среда во 16 часот, на која што се очекува пратениците да расправата за одложување на изборите закажани за на 5 јуни.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе