Хроника

Групна тепачка на зимска манифестација во Пробиштип

9. јануари 2017 - 13:14 | Макфакс

Петмина се степале на зимска манифестација што се одржувала синоќа на градскиот пазар во Пробиштип.

Имено, влера околу 2.30 часот во Пробиштип на градскиот пазар, каде се одржувала манифестацијата „Леговец ленд Винтерленд 2017“, дошло до нарушување на јавниот ред и мирна тој начин што по вербална расправија дошло до тепачка помеѓу лицата Н.М. (27) и М.П. (24) од една страна и В.З. (39), Е.З. (31) и Д.П. (33), од друга страна, инаку сите од Пробиштип.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Коментирај