Гутиерес: Европа не е безбедна средина за новинарите

Стразбур, 8 ноември 2019 (МИА) – Генералниот секретар на Европската федерација на новинари Рикардо Гутиерес на Светскиот форум за демократија во Стразбур изјави дека Европа повеќе не е рај и безбедна средина за новинарите.

– Во Европа во последните пет години се убиени 24 новинари, 13 се убиени на територија на Европската Унија, рече Гутиерес во дебатата на тема „Слобода на говорот и заштита на новинарите“.

Тој додаде дека голем број новинари во моментот се наоѓаат во затвори и дека Турција стана најголем „затвор“ за новинарите во Европа.

Според него, лошите услови довеле до зголемување на самоцензурата кај новинарите.

– Граѓаните ги доживуваат новинарите како чувари на демократијата, но овие чувари се чини дека ги загубија забите. Јас сум многу загрижен, рече Гутиерес.

Тој оцени дека новинарството не е исто како што било пред 20 или 30 години. Како што наведе, медиумите се одговорни за содржината што ја објавуваат, за разлика од новинарството на социјалните мрежи.

– Тоа е пиратско новинарство, рече Гутиерес.

Форумот под наслов „Дали демократијата е загрозена во времето на информациите“ се одржува од 6 до 8 ноември под покровителство на Советот на Европа.

На форумот присуствуваат претставници на медиумите, активисти и политички лидери од целиот свет.

Светскиот форум за демократија во Стразбур е единствена платформа за носителите на одлуки и активисти кои имаат можност да разговараат за клучните предизвици за демократиите ширум светот. Ова е осми по ред форум. 

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе