Игуаин: Ме избркаа од Јувентус за да го купат Роналдо

Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин призна дека не му е сеедно поради тоа што морал да го напушти Јувентус. Тој смета дека бил избркан од клубот, бидејќи никогаш не изјавил дека сака да си замине од Торино.

Новата напаѓачка сила на Милан тврди дека пристигнувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус било клучно за неговото заминување од клубот од Торино.

Гонзало Игуаин потпиша за Јувентус во 2016 година, кога неговиот трансфер од Неапол во Торино чинеше 90 милиони евра, сума која успеа да ја надмине само Кристијано Роналдо кога летово пристигна од Реал Мадрид.

Кога Кристијано Роналдо потпиша за Јувентус, јасно беше дека некој од напаѓачите ќе мора да си замине за да се одржи финансискиот баланс, но и балансот во составот. Логичното решение беше да се продаде Гонзало Игуаин, кој пред неколку години го напушти Реал Мадрид додека Роналдо беше таму.

„Во Јувентус ме третираа многу добро, но никогаш не побарав да си заминам. Се чувствувам како да бев избркан од клубот. За среќа, Милан веднаш ми покажаа дека можам да бидам многу значаен дел од нивниот состав и затоа сум во Милано“, рече Игуаин.

Тој тврди дека не чувствува негативни чувства према никого во Јувентус, иако заминувањето навистина го погодило. Во двете сезони во Торино тој освои две титули и еднаш беше дел од финалето во Лигата на шампионите, па со прави инсистира дека времето кое го помина во Јувентус беше успешен дел од неговата кариера.

„Дадов сѐ што имам за Јувентус. Навивачите, соиграчите и раководството беа многу добри со мене. Одлуката да си заминам оттаму не беше моја“, завршува Игуаин.

Во новиот тим работите на почетокот на сезоната не изгледаа сјајно. Милан се наоѓа на десеттото место на табелата во Серија А, но во последните неколку кола покажуваат многу подобар игра отколку претходно и затоа Игуаин се надева дека до крајот на сезоната овој тим ќе успее да обезбеди настап во некое од европските натпреварувања.

реклама

Фудбал

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Read more

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more
 

Спорт

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе