iPhone 15 ќе биде изработен од титаниум и ќе има заоблени рабови

Иако остануваат уште 10 месеци до лансирањето на новите iPhone телефони, аналитичарите тврдат дека знаат што можеме да очекуваме.

Судејќи според најновите информации од сигурен аналитичар, Apple ќе го промени дизајнот на рабовите на серијата телефони iPhone 15 и ќе користи титаниум за изработка на куќиштето. Како што е наведено, новите iPhone уреди ќе имаат заоблени задни рабови, а не рамни какво во изминаатите три генерации.

Ако сте запознаени со историјата на телефоните на Apple, овој дизајн ќе ви звучи познато, бидејќи нешто слично веќе видовме во 2013 година, кога технолошкиот гигант го претстави iPhone 5C, кој имаше правилни рабови на предната страна и заоблени рабови на задниот дел.

„Според раните информации што ги имам, iPhone 15 ќе има нов дизајн на рабовите. Аголот на задниот раб ќе биде заоблен“, вели аналитичарот ShrimpApplePro.

„Исто така, материјалот ќе биде титаниум“.

URL

Иако уште е рано премногу сериозно да ги сфатиме пишувањата за финалниот дизајн, веста за заоблените рабови не ни изгледа толку туѓо, особено откако Apple го донесе овој дизајн на своите нови MacBook лаптопи, чии рабови се правилни на врвот и заоблени на дното.

Дополнително, иако ова е првпат да слушаме за заоблени рабови, ова не е првпат титаниумот да се споменува како материјал за изработка на телефон. Иако во гласините се спомнуваше дека iPhone 14 Pro ќе биде направен од овој метал, тоа не се случи, но го видовме паметниот часовник Apple Watch Ultra, чие куќиште е направено од титаниум. Apple за своите телефони користеше само алуминиум и нерѓосувачки челик, па останува да видиме дали шпекулациите ќе се остварат, особено ако се земе предвид колку проблеми имаат со производството на уредите.

Аналитичарите исто така најавуваат и значително побрзи iPhone 15 модели.

Тагови
реклама

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Мобилни

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more
 

Гик

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе